Wednesday, October 28, 2009

Божицата


Додека чадот од цигари ми влегуваше во очи, и ја впивам мрачната и тегобна атмосфера која владееше во мојата спална. Ја гледав неа. Се трудев да се сетам од каде она тука, иако испарувањата од алхохол го спречуваа секој обид да се допре до закопаното сеќавање од вчерашната пиенка.
Седеше на работ од креветот облечена само по градник и гаѓички, со размачкана шминка со бушава коса која допираше до рамената. Поглед замаглен и уморен ја палеше својата прва цигара додека јас се трудев да се сетам што се случувало. Ме гледаше со ладен поглед за разлика од другите жени покрај кои се будев. Вообичаено прашуваа колкав сум и како се викам. Се трудеа барем да започнат разговор или бегаа тивко вцрвенети од срам бегаа од мојот стан . Но оваа беше ладна како камен како ова да се случува секој ден во нејзиниот живот. Со глас рапав ме понуди : „сакаш цигара ?“ а ме бодеше со поглед зошто ја гледав збунето. Како сакаше да ми рече мали што се чудиш секој ден е вака. Не сакаше да знае ништо за мене, не се ни трудеше со поглед да ме измерка, и беше гајле. Секоја надеж кај неа беше мртва ова и беше се што и преостанало . Декаденцијата тивкото тонење во алхохол и развратен пијан секс. Ја обожавав беше првата девојка која знам дека не и беше важно што мислам за неа, беше првата девојка која ќе и беше гајле ако и речев во фаца губи се и ќе заминеше без да трепне, без да прави драми, без да покаже била каква емоција за да се осетам глупаво. Беше првата што отворено можев да ја презирам , беше одвратна, евтина ама сепак боженствена. Отрпната од илјадниците удари од светот и луѓето секој следен удар кој доаѓа она нема да го сети . Празна школка да замавнам знам дека ќе мавнам во воздух. Ме восхитуваше фактот што беше подоле од мене , тепих на кој можев слободно да газам. Прв пат ми беше гајле што правам пред некого. Мирно ја изигнорирав не се ни трудев да ја прашам да не сака нешто, да и викнам такси . Но сепак сакав да остане правеше да се осеќам супериорно. Бев љубопитен дали позади ова лице што го гледам имаше нешто повеќе, дали има срце кое крвари. Сакав една дисекција да и направам. Ме интересираше што ја направило да биде ваква, декадентна божица. После пет минути откако ја испуши цигарата се облече и замина .
-еј чекај имаш ли име- ја прашав срамежливо се осеќав баш како оние девојки кои пред тоа ги шутнував.
Ме погледна најстудено на свет и рече не е важно.

И беше во право не е важно ...

Wednesday, October 21, 2009

ај да си се пожалам јас малце, пошто дадов збор I won't drooll over there so I do it over here.
Кое лицемерие , ни пречеле мажите да одат голи а да пројде некоја фуфа стегната со цицките надвор и минич , не е ни проблем кога се лигават на тиинејџеркине кои се облечени скудно летно време .Hell yea they are sexy.
Ама е проблем мажи да испарадираат (ако испарадираат уопште голи) пошто се геј . А секој ден што парадираат по дискотеки и кафичи спонзоруши кои уште им фали цена да стават на себе .Простено е пошто имаат цицки на себе и тоа што има шанса да ги плеснеш.

Hell yea...
Патем ако се плашите за децата, исклучете им го комјутерот,телевизорот и се останата техника и конекција со надворешниот свет , бидејќи геј парадата е вашиот најмал проблем за тоа како ќе влијае врз вашето дете , исто така забранете им да одат во школо да искачаат по можност ставете ги во стаклено ѕвоно молим вас

И така ... го љубам народов си копаат очи меѓусебно на теми кои не би требало , нејсе затоа сме последни на Балкану .


На пат кон ...

Роси, улицата веќе натопена со вода . Ги гледам капките како паѓаат . Се е мрачно околу мене се трудам што побрзо да стигнам до договореното место, до познато лице кое ќе ми даде чуство на топлина и малце светлина во студенилото и мракот кој ме обвива и кој труди да влезе во мене.
Што побрзо, што побрзо ...
Мрачни приказни почнуваат да се нижат една по друга ... Денес ќе ви раскажам една. Која ми се откри во најмрачниот момент на тоа кратко патување:
Таа имаше едвај 20, он повеќе од 25 . Двајцата се сретнаа ноќ , една ноќ во невидливиот простор, тој и се прикраде со пријателско лице додека она си играше наоколу со вистината и на другите им прикажуваше само делчиња од неа, водејќи ги во заблуда. Таму скитаат илјадници во тој свет барајќи само допир со себе си и човечноста, повеќето се веќе загубени, а за неа беше игралиште за него ловиште.

Ја заведе со насмевка, ја освои со тоа што и кажа дека е добра, дека е кршлива и дека ќе ја заштити. Како секое дете се предаде му ги даде сите оружја кои ги имаше и сета љубов која можеше да ја даде во тој свет, ко је толку хаотичен што никој не знае што е вистина, што е лага. Хаосот за малце ќе ги проголташе нив двајца, за малце ќе го изгубеа контактот. Тој одлучи да дојде во нејзиниот свет, за да не ја загуби. Уште повеќе паднаа во амбисот и тонеа тивко и се подлабоко во длабочините на емоциите и љубовта. Добија плод на нивната љубов....
Една вечер нивната идила се раскрши на парчиња. Како роза од тенки стаклени розеви ливчиња ја раздроби Носителот на смртта, го зеде него во пеколот. Една година толку доби од ѓаволот за возврат да може да живее во во нејзиниот свет. Договор потпишан со крв, нема бегство. Ниеден смртник не може да избега, дури и боговитене успеале да зибегаат од таков договор.
Скршена остана сама, сама со излитени писма, со излитени фотографии кои секоја вечер заспива со нив. Секоја вечер ја измачуваат демоните со тоа што и ги покажуваат сите убави моменти поминати со него, со насмевката која ја имала.Со неговиот лик, со допирот негов кој уште го осеќа . За момент ќе се насмевне кога ќе се присети на неговите шеги и прегратката негова. Следниот момент ги осеќа срчите од стаклената роза забиени во нејзините очи, затоа не може повеќе да ја види убавината на светот. Дојде денот кога демоните по грешка наместо во очите и ги забија срчите во срцето. Срцето застана ... од пеколот се чу крик , крик кој стигна до небото , крик од тага , крик од љубов, крик од болка ...