Friday, March 5, 2010

Груевски еби се

Избегнував политички теми од чиста причина затоа што не сакав да се расправам со лоботимирани личности. Но ова е излив на мојот бес кон владеачката партија која редовно се правда со рандом глупи изговори . На моменти ми оди да излезам и да ги исшамарам децана кои плукаат врз европа и европските вредности кои претсавуваат она што ние како секој граѓанин во светов го бараме, бараме социјална сигурност, права , правен систем кој функционира , асална инфраструктура и образование . И сето тоа е отфрлено затоа што малине дечиња во владата не знаат како да водат надворешна политка. Истите тие мали дечиња кои успеааа да засерат години и години стекнати позиции за кои нашите амбасадори и политичари се бореле. Сето тоа замачкано со Б. Ц. е крив. Извинете али знаете ли да си ги врзете кондурите пошто според ова значи дека еден обичен очаен клошар ве ебе како сака. Па да му се плукнам има ли закон кој не паднал има ли проект кој успеал да функционира како што треба. Почнувајќи од компјутер за секое дете па се до учебник за секое дете . Не знам дали знаете али повеќето компјутери се користени за тролање по кајгана, проверување фејсбук или пак се на делови кои се продаваат по бит-пазар. Учебник за секое дете отиде во пм откако се испостави дека има сериозни грешки во одобрените учебници. Законот за дискримиција не функционира бидејќи досега нема ниедна пресуда во корист на некој дискриминирам поради тоа што се бараат докази, за работа која и онака тешко се докажува притоа дискриминираната личност е лишена од било каква помош и медијација.

Меѓувреме пропаѓаат се повеќе бизниси и сето тоа под изговор дека компаниите имаат пари и не ги даваат. Стварно али сте размислиле дека соседните држави даваат се подобри услови? Почнувајќи од албанија која нема драконски казни, која бдп-то го надминува нашето. Албанците почнаа да купуваат кај нас бидејќи продуктите се поевтини. Што треба да се случи за да се освестиме? Невработеноста паѓа иако во секој сектор се отпуштаат работници почнувајќи од тешката индустрија.

Не ни сакам да ја споменувам Грција во сева оваа игра која не блокира моментално и која го блокира дотокот и преносот на стоки и добра. Не дај боже уште фабрики од лесната индустрија да стават катанци бидејќи ниедна од нив после неколку години откако кризава ќе помине нема да се врати. Ниедна ! Знаете зошто?! Бидејќи сме ебано јаболко закатанчени од сите страни, ебано парче копно а кој му текне од нашиве соседи блокира а тужбите паѓаат истиот момент кога митото ќе стигне на контото на некој од нашите политичари. Под изговор дека се постигнал договор. Што мислите дека некој е луд да отвори фабрика овде кога политичката елита не се бори за интересите на бизнис заедницата па и одозгора дрско одговара дека они треба да знаат и да се изборат со тоа?!

Со визната либерализација голем дел од квалификуваните работници заминале, мислите дека некој ќе биде привлечен овде да дојде за неквалификувана работна рака која ја има на тони во албанија и турција за скоро истите пари ?!
Мислите дека некој овде ќе дојде за да чека три месеци за било каков документ за на крај да биде казнет со драконски казни. Помислете два пати.

Господине груевски ебете се у газ смачено ми е од вашата дневна политика и мерење рејтинзи, статуи и изговори. Ако не знаете да си ги врзете врвците не го кривете Б.Ц, кривете ја мајка ви која не ве научила !

Friday, February 19, 2010

the future revisited

Се сеќавате кога бевте помлади, кога сте имале 10-11-12 години, кога ги гледавте оние научно фантастични филмови полни со гламур, лоши специјални ефекти, удобни станови и возила, патувања на други планети, други видови, прекрасни пејсажи, чиста планета земја, човечката раса еволуирала подалеку од eat-shit-sleep-fuck начинот на живеење и гледање, иднина во која секогаш доброто победува и сите се среќни и весели освен негативецот. Се сеќавате ли како фантазиравте за подобро утре за вас, за тоа како кога ќе стигнете на 30 ќе одите на марс како дел од научно истражувачката мисија, како сте успешен човек со кариера, како утре ќе биде подобро од денес, далеку подобро. Гарант сте мислеле дека посетувањето други земји за викенд нема да биде права тортура исполнета со страв дали ќе имате доволно пари, ниту пак дали ќе имате доволно пари за да го преживеете месецот. Сигурно дека сте мислеле дека животот ќе биде исполнет со авантури и задоволство . Јеа така барем мене ми изгледаше додека гледав Star Trek гламурозно, исполнето со шетање на други светови во најмала мера по други држави и места на планетава земја.

Сеа кога ќе погледнам назад и кога ќе ја активирам онаа останата меморија сваќам дека работите тргнале на далеку полошо . Многу полошо . Не знам дали за мене или државава. Низ мојот прозорец се гледа нешто што требало да биде фонтана кога се градеше јас се радував дека ќе има нешто со што ќе си играм . Сега е само нешто што труне. Иднината дојде а со себе донесе далеку повеќе кал по улиците, скапи пренхранбени продукти, опасни улици, вода со вкус на бигор и разни хемикалии, облека со мизерен квалитет, воздух со мирис на запалена пластика и гума, бензин и чад. Иднина дојде а со тоа донесе страв на лицата на луѓето, очај и беда. Ретко да видам насмевнат човек, уште поретко да осетам весела атмосфера, дури и кога влегувам во кафуле сите како некако да чекаат да дојде Дедо Мраз и да ги извади одовде . Како да очекуваат бог да се симне лично само за нив и да ја помести планината само за нив, да им ги среди домашните обврски само за нив, да работи само за нив. Очекуваат исто така бог наместо нив да протестира, дап да протестира против работите што се случуваат во последно време. Очекуваат бог да го смени размислувањето на политичарите, и тие конечно да почнат да си ја работат својата работа.

Очекуваат бог да ги казни ебаните гниди кои не цицаат и тормозат со години . Очекувања, очекувања... Јас очекував да бидам факинг доктор али ради немаштијата не отидов тоа да студирам. Али не ни очекувам бог да ми понуди други алтернативи на иднината и каде се гледам јас.

Дали се сеќавате кога иднината била јасна, убава и светла . Подобро да почнета ако не се сеќавате бидејќи во спротивно гледање назад и преживување денес не е живот. Туку е тивко пропаѓање и трунење. Ебате почнете да гледате подалеку од утре, погледнете неколку години подалеку и кажете ми како се гледате. И да дедо мраз е мртов јас го убив и неговиот труп скапува во ендекот а, бог е болесник кој се заебава со нас и нема да симне доле на земјата бидејќи му е презабавно да ја набљудува нашата бескрајна глупост.

Ја гледам иднината пак од оваа гледна точка и го осеќам мирисот на дистопијата ако не го мрднете вашиот задник таа дистопија ќе излезе од вашите главчиња и влезе во вашата реалност. Чекај ова е дистопија, само ние не сме забележале бидејќи сме презафатени со гледање „Survivor“ од седиштето во театарот наречен живот. Проклетство луѓе почнете да се борите за себе иначе набрзо ќе гледаме ќе гледаме филм наречен „ Македонски хорор“ .

Знаете зошто, зошто пред некое време се почна еден муабет за тоа како живеат некои постари роднини на баба ми. Како они гнијат сами без помош. Како не можат да се грижат за себе си и се оставени на милост и немилост на луѓето каде они живеат. Како нивните нафатирани деца не ги погледнуваат ни два пати бидејќи повеќе не се во можност да праќаат месо, сирење, пари на нив. Како се прав хорор филм државните пензионерски домови иако никад немав смелост да ги посетам бидејќи знам дека после тоа ќе ги барам нивните деца со секира. Сакате да ви кажам како изгледа иднината ако не си го мрднете задникот, влезете во ебаниот државен пензионерски дом , влезете во народна кујна да видите колку пензионери се прехрануваат таму. Каков ебан народ сме кога устите ни се полни за славното минато а самите претставници на минатото ги третираме како гомно, смрдеж, ебан леш. Веќе се полираат нивните ковчези и чекаат само да умрат, еден помалце уште 300 000 останаа. Да они се товар,да они трошат ресурси али ебате утре ќе бидете баш нив и вие ебате ќе остарете. А погледнете што ве чека. Се сеќавате кога бевте раснети со прикаските дека пензионирањето е добро и дека остатокот од животот ќе го поминете опколени со внуците во мир, спокој и задовлство, се сеќавате на благословите од типот да живееш 101. Е па изгледа дека нема тоа да го дочекате според последните случувања. Има еден цитат што ми се врти во главата од Мишел Уелбек - “Тогаш стана модерна држава, ги третираа старците како прав отпад“. Bооо хоооо станавме модерна држава, честито си ја ебавме иднината. Ако е ова ебаната сјајна иднина јас не ја сакам . Не сакам да живеам 101, у курац ни до 70, ако ова е иднината сакам да се легализира ебаната еутаназија за да на 50 години скинам конци. Не ни сакам да дочекам пензија пошто не ни сакам да бидам во кожата на старците кои ги гледам наоколу . Не сакам ни да бидам третирана ко отпад само затоа што неам цврсти цицки и јако гзе . Fuck you ! Нема да ви го дадам тоа задоволство . Добре дојдовте во ебаната иднина: смрди, никој не ве ебе два посто, ве третираат ко гомно. Почнете да се спремате од сега за да не ви биде претешка адаптацијата , бидејќи повеќе од очигледно вие сакате таква иднина според начинот кој ги третирате вашите баби, дедовци, мајки, татковци. Не заборавајте дека вашите деца гледаат и учат од вас.

Tuesday, February 9, 2010

Во врска со пенисот сакам да кажам за ...

Сексот е продава пример поверојатно дека ќе кликнете на овој линк него ли на други линкови, бидејќи содржи зборчето пенис. Јеа, голем, сочен пенис кој блуе сперма и влажна, топла вагина. О јеа вашите соништа ќе се остварат може ќе прочитате нешто сочно, нечија исповед за тоа како се исрал во гаќи додека свршувал, дека го ебел женетиот шеф. Хел јеа читај го ова серко: ТИ СИ СЕРКО ! Прекини да дркаш и свршаваш на зборчињата пенис и пичка. Има попаметни работи од тоа . Да тоа е дел од животот но не целиот ебан твој живот. Ти го спуштив курот супер , сеа почни да мислиш со горната глава а не на цицки, пички, сперми и курови. Ко за почеток почни да гледаш низ прозорецот гледаш колкава убава слика има од соседниот ѕид од кој паѓа фасадата. Глупердо една не прави се како што ќе ти речам јас. Не биди бот ебате . Почни да мислиш со својата глава а не половиот орган. Почни да размислуваш. Не како до бесплатно порно, не тоа што прави комшијата, не некоја сочна приказна да чуеш . Мисли ! Тоа е процес кога ти седиш и почнуваш да го користиш мозокот за продуктивни цели во твојот живот, нажалост сеуште не напишале упатство за употреба на човечкиот мозок. О да имам вести за тебе нема да живееш вечно за да го трошиш животот на сочни приказни, web cam sex со малолетнички и дркање на порки океј?! Пошто ќе се разбудиш како 40 годишник на кој не му се дига на секси плавуша ни на lap dance и кој има ужасна жена , лоша работа и со мрзи животот. И нема никакви спомени освен сочната приказна за тоа како некоја се ебела и како имал епски скор на дота и вов . WOW како живот си имал дркаџијо .

Честитки сте просветлени сеа одете и спасете го ебаниот свет од самите себе си . Убиј те се !

Wednesday, January 20, 2010

Социјалниот феномен “Тоше“

Видете Феноменот Тоше црпи корени од нашето општество кое владеат најцрните и најмрачните принципи можни до сега. Принципи кои се засноваат на сурова, безочна експлататација на другиот, од работникот до комшијата па се до роднини и пријатели. Владее мрачно мнение во нашето општество дека ако си чесен, добар и вреден, си глуп. Владеат митови за да успееш треба да си ѓубре , за да те почитуваат треба да суров и нечовек. Како контратежа излезе овој феномен, мит што и да е.

Тоше тоа го поби , тој докажа дека со труд и напорна работа без злоупотреба на медумите (како на пример севе со порното како што направи) без скандали да успее и стане медиумска ѕвезда.
Тоше за Македонија претставува успешна приказна која очајно ни требаше.
Тоше е лицето на илјадниците добри, чесни и работливи луѓе кои редовно им се потсмеваме позади грб и ги правиме будали (бидете искрени со себе) Кои добиваат многу малце внимание во јавноста .
Тоше го искористи своето влијание, пари и моќ за да им помогне на други а не за да ебе српска певаљка а со тоа постави пример (кој е издигнат до мит) за сите нас останати.

Сакате да ги снема митовите, првин напаѓајте оние митови кои се проповедаат во секој дом на секое дете, на секоја жена и маж, дека нема успех без партиска книшка, дека господ е македонец, дека ако сакаш почит мораш да бидеш гомно, дека се успева само со врски . Кога тие митови ќе ги снема, тогаш имате право да серете за митот за Тоше. До тогаш покрај сите блујотини и негативни митови со кои сме бомбардирани секое дете, жена и маж ќе го има митот за Тоше кое носи малце надеж во ова безнадежно и мрачно место .
Ако сакате да престане ова издигање и поклонување на Тоше како лик, тогаш првин спречето поклунувањето на божествата бране, гвујо и остали кои заслужуваат да бидат стрелани на лице место. Барем обожаваат некој кој е човек, ебате
Никогаш ама баш никогаш не ја потценувајте моќта на митот.Цинични говеда едни кои не знаете дека има и место и време( тоа не е овде и сега) каде ќе се припрдавате со вашата интелегенција и цинизам.

Да имаше медиумско бомбардирање од кое ми се дигаа цревата
Да има мршојадци кои го злоуботребуваат Тоше
Да има идиоти и лицемери

Но каде не е така? И со која ѕвезда не беше така.
Тоше има значење за нас самите, за државава од бога заборавена а не за светот.

П.С. се однесува на феноменот и митот за тоше не за вредноста на неговите дела :)
Би требало да напишам цели оди за љубовта , би требало да напишам триста глупости. Не после тоа што го видев не после тоа што го вкусив. Од горчливиот вкус на беспомошноста, до смрдеата на немаштијата. Не денес, не утре туку сега и воде во овој момент дојдов до сознанието дека треба човек да види и вкуси за да свати. Сватив и платив, и пак ќе платам без двоумење бидејќи понеподносливо од егзистенција без љубов, е егзистенција без моќ .
Ја видов илузијата и ја препознав, ги видов сите лаги и сите невистини доволно за да знам дека не од утре туку од сега одам во потрагата за моќ . Моќта е која ослободува , моќта екоја издига и решив да ја добијам .