Wednesday, January 20, 2010

Социјалниот феномен “Тоше“

Видете Феноменот Тоше црпи корени од нашето општество кое владеат најцрните и најмрачните принципи можни до сега. Принципи кои се засноваат на сурова, безочна експлататација на другиот, од работникот до комшијата па се до роднини и пријатели. Владее мрачно мнение во нашето општество дека ако си чесен, добар и вреден, си глуп. Владеат митови за да успееш треба да си ѓубре , за да те почитуваат треба да суров и нечовек. Како контратежа излезе овој феномен, мит што и да е.

Тоше тоа го поби , тој докажа дека со труд и напорна работа без злоупотреба на медумите (како на пример севе со порното како што направи) без скандали да успее и стане медиумска ѕвезда.
Тоше за Македонија претставува успешна приказна која очајно ни требаше.
Тоше е лицето на илјадниците добри, чесни и работливи луѓе кои редовно им се потсмеваме позади грб и ги правиме будали (бидете искрени со себе) Кои добиваат многу малце внимание во јавноста .
Тоше го искористи своето влијание, пари и моќ за да им помогне на други а не за да ебе српска певаљка а со тоа постави пример (кој е издигнат до мит) за сите нас останати.

Сакате да ги снема митовите, првин напаѓајте оние митови кои се проповедаат во секој дом на секое дете, на секоја жена и маж, дека нема успех без партиска книшка, дека господ е македонец, дека ако сакаш почит мораш да бидеш гомно, дека се успева само со врски . Кога тие митови ќе ги снема, тогаш имате право да серете за митот за Тоше. До тогаш покрај сите блујотини и негативни митови со кои сме бомбардирани секое дете, жена и маж ќе го има митот за Тоше кое носи малце надеж во ова безнадежно и мрачно место .
Ако сакате да престане ова издигање и поклонување на Тоше како лик, тогаш првин спречето поклунувањето на божествата бране, гвујо и остали кои заслужуваат да бидат стрелани на лице место. Барем обожаваат некој кој е човек, ебате
Никогаш ама баш никогаш не ја потценувајте моќта на митот.Цинични говеда едни кои не знаете дека има и место и време( тоа не е овде и сега) каде ќе се припрдавате со вашата интелегенција и цинизам.

Да имаше медиумско бомбардирање од кое ми се дигаа цревата
Да има мршојадци кои го злоуботребуваат Тоше
Да има идиоти и лицемери

Но каде не е така? И со која ѕвезда не беше така.
Тоше има значење за нас самите, за државава од бога заборавена а не за светот.

П.С. се однесува на феноменот и митот за тоше не за вредноста на неговите дела :)
Би требало да напишам цели оди за љубовта , би требало да напишам триста глупости. Не после тоа што го видев не после тоа што го вкусив. Од горчливиот вкус на беспомошноста, до смрдеата на немаштијата. Не денес, не утре туку сега и воде во овој момент дојдов до сознанието дека треба човек да види и вкуси за да свати. Сватив и платив, и пак ќе платам без двоумење бидејќи понеподносливо од егзистенција без љубов, е егзистенција без моќ .
Ја видов илузијата и ја препознав, ги видов сите лаги и сите невистини доволно за да знам дека не од утре туку од сега одам во потрагата за моќ . Моќта е која ослободува , моќта екоја издига и решив да ја добијам .