Wednesday, November 25, 2009

Драга кајгана

зажелев за драга кајгана некако повеќе да пишам нешто безвезе и да го плеснам.
Драга ...
Безнадежно е , сеуште се палат ко мали дечиња на чоколадо во политка. Ми досади да им цртам дека си играат со нивните емоции и дека ништо нема да им бидне ако името се смени али ај драга како сите и ова некад мора да помине...
Мит бр 1: ќе го загубиме индетитетот.
-Хммм ... хм... чекај индетитетот нешто беше поврзано со нашата култура итн. Ај малце излезете прошетајте се ... Индетитет на што ? На спозоруши, заштитен знак ни е да му цркне козата на комшијата .На ксенофобија ?! на хомофобичност ?! на шовинизам?! на тоа ако видиме американец/западноевропеец посебно белец дека сме спремни да клекнеме да му го попушиме? Колку од нас денеска јаделе гравче тавче или некое рандом традиционално македонско јадење ? Гледам полн мекдоналдс и редици пред седмица , а колку што памтам хамбургерот не беше традиционално македонско јадење заедно со тостот, кроасаните и кифлите. Мањебитно...
Мит бр 2 : договорот од 1914 ...
Добро бе луди сте вие?! тие територии одамна се побугарчени/погрчени, грчката пропагандата и асимилација си го сторила своето. Демек ќе сте ги ослободувале аха да ќе ви даат една клоца и ќе ве испратат назад у Р.М. Населението таму одлучува не вие и вашите влажни соништа околу Голема Македонија(балкански синдром Голема ....)
Мит бр 3 :Нато и европа не сакаат внатре....
Се додека не почне да гори и сме стабилни ги боли уво за нас. Буквално не постоиме кај нив . На која дрога сте ставени ...
Ма дај не се залажувајте демек сме круцијални , немаме излез на море, немаме аслана инфраструктура мала држава сме ако сакаат ќе не средат дур да речеш ебење у здрав мозок
Та преку ми е од романтизмот и национализмот и бесмилените шизофрени мисли од малите мозоци кои мислат дека сме центар на светот. Патриоти ебете се , на крајот од денот знам дека пола до вас би се продале за едно пушење , брза нет конекција и хамбургер. Дај не ми ќенајте за името и за тоа колкав морал имате познато ми е тоа , сите сме чесни кога станува збор за некој друг и судиме ама коа ќе дојде редот за нашиот гз оддеднаш менуваме став демек се морало дрн дрн јариња а бе ај ако имало толку чесни и патриоти до сеа државава ќе цутеше.
Туку кажете ми како да се извлечеме од оваа каша пред да стигне работат до нож. Сериозна сум .

Saturday, November 21, 2009

И некаде помеѓу

И додека се двоумам дали да пишам еден долг пост на кајгана и да јадам бан на крај решив овде . Кој чита уствари и онака линкот ми е поставен на првата приказна. А ти ако читаш кој те ебе . Ако не ти се допаѓа оди плачи кај мајка ти и онака постов е пишан за да биде заборавен.
И додека слушам tainted love - gloria jones во весел ритам со лирики кои опишуваат болка и разочарување.Додека седам и се преслушувам себе си , денеска ме растресе една сурова реченица : нели не правеше компромиси?!
Е па друже изгледа дека сум правела. Изгледа како секое друго човечко битие потклекнувам. Пак ме потсетиа сеништата од минатото, илузијата која ја бркав. Јебеш сите се палиме на девојки од play boy. Ама најчесто завршуваме со локалната просечна девојка која има целулит на задникот. Сите бркаме наоми кембел ама таа е една па затоа мораме да бираме од тоа што е на лагер. Ми текнува кога направи споредба со лада и џип од најнова генерација. Е па друже јас ја бирам ладата знам дека нема да закочи кога ќе поминувам низ најлошиот дел од патот. Може не е најубав, најзгоден, најхрабар нема кај него атрибут нај ама знам дека утре кога ќе ми биде срање кога ќе се осеќам мизерно кога нема да имам каде ќе можам да се потпрам на него. Изгледа дека созреав, дека ми досади да бркам илузии и духови низ некоја пустина . Не сум доследна да, но да бидеме искрени кој е доследен на своите изјави? Кој не рекол дека е доблесен, кој не рекол дека бара нешто специјално ама на крај завршил со нешто обично? Скоро секој . Не сум Енди Ворхол, Кејт Мос или рандом ултра позната и ултра богата личност за да најдам нешто специјално . А и да бидеме искрени и еднашка ти кажав кога бараш за животен партнер не бараш најпаметен или најубав. Бидејќи тој знае дека е најпаметен , дека е најубав и тој ќе бара за себе најпаметна и најубава.Секој го бара најдоброто а не сваќа дека тоа се само евтини еготрипови и трофеи на ѕидот кои немаат никаква функција освен за фалење . Мене ми требаат силни столбови, штаки потпирачи не светкави трофеи. Мене ми треба рамо на кое да се потрам а не убава барбика.
Јебеш друже сите на крај правиме компромиси , само се надевам дека не сум направила преголем компромис . :)