Saturday, November 21, 2009

И некаде помеѓу

И додека се двоумам дали да пишам еден долг пост на кајгана и да јадам бан на крај решив овде . Кој чита уствари и онака линкот ми е поставен на првата приказна. А ти ако читаш кој те ебе . Ако не ти се допаѓа оди плачи кај мајка ти и онака постов е пишан за да биде заборавен.
И додека слушам tainted love - gloria jones во весел ритам со лирики кои опишуваат болка и разочарување.Додека седам и се преслушувам себе си , денеска ме растресе една сурова реченица : нели не правеше компромиси?!
Е па друже изгледа дека сум правела. Изгледа како секое друго човечко битие потклекнувам. Пак ме потсетиа сеништата од минатото, илузијата која ја бркав. Јебеш сите се палиме на девојки од play boy. Ама најчесто завршуваме со локалната просечна девојка која има целулит на задникот. Сите бркаме наоми кембел ама таа е една па затоа мораме да бираме од тоа што е на лагер. Ми текнува кога направи споредба со лада и џип од најнова генерација. Е па друже јас ја бирам ладата знам дека нема да закочи кога ќе поминувам низ најлошиот дел од патот. Може не е најубав, најзгоден, најхрабар нема кај него атрибут нај ама знам дека утре кога ќе ми биде срање кога ќе се осеќам мизерно кога нема да имам каде ќе можам да се потпрам на него. Изгледа дека созреав, дека ми досади да бркам илузии и духови низ некоја пустина . Не сум доследна да, но да бидеме искрени кој е доследен на своите изјави? Кој не рекол дека е доблесен, кој не рекол дека бара нешто специјално ама на крај завршил со нешто обично? Скоро секој . Не сум Енди Ворхол, Кејт Мос или рандом ултра позната и ултра богата личност за да најдам нешто специјално . А и да бидеме искрени и еднашка ти кажав кога бараш за животен партнер не бараш најпаметен или најубав. Бидејќи тој знае дека е најпаметен , дека е најубав и тој ќе бара за себе најпаметна и најубава.Секој го бара најдоброто а не сваќа дека тоа се само евтини еготрипови и трофеи на ѕидот кои немаат никаква функција освен за фалење . Мене ми требаат силни столбови, штаки потпирачи не светкави трофеи. Мене ми треба рамо на кое да се потрам а не убава барбика.
Јебеш друже сите на крај правиме компромиси , само се надевам дека не сум направила преголем компромис . :)

No comments:

Post a Comment