Friday, December 18, 2009

Зошто ?!

Улицата е мрачна светилките одамна не ги вклучуваат штедат струја во овој од бога заборавен град . Нема никој а е девет часот навечер се враќам од работа . Се шетам во овој град кој секој ден губи по стотина жители. Изграден за половина милион сеа живеат околу 300 000 . Секоја трета куќа е празна . Се прашував како добиваше по неколку стотини нови жители вој град кој до пред неколку декади секојдневно добиваше по неколку стотини жители, за кој имаше тепачка за место плус за живеење каде секојдневно се градеше до таа мера што сеуште во центалното подрачје надвиснуваат десетини гротескни градби кои биле изградени набрзина само колку да се добие некое живеалште плус сеа е само пуста руина. Ретко здогледував некое дете. Нема ни возила кои поминуваат тоа е многу ретко. Се обидов да се присетам на дел од муабетите на завчерашната забава коа прашував што се случувало овде за да се испразни градов толку многу . Оние кои беа моите работодавачи воедно и странци како мене одмавнуваа со раката и коментираа не прашвај гледај си ја својата работа . Кога ќе прашав некој кој живеел овде со налудничав поглед и страст ми објаснуваше дека за некакви ми ти зли сили кои сакале да го потиснат македонското за некаков ми ти индетитет за некакво ми ти име и спор. За предавници и александар македонски и за грција, дека продадените души заминале одовде и се спасиле од нив дека вака им е подобро . Ја гледав страста и воедно лудилото во неговиот поглед...
Што се десило војна сигурно не ... сум гледал градови како се опуштосуваат поради пропаѓање на индустриски капацитети но овој град растел и после пропаѓањето на фабриките негови.
Градот е пуст зјааат повеќето куќи празни се довлекувам во петкатната зграда без лифт која има околу десетина дуќани од кој само еден работи останатите нема ни наслов го издавам излозите одамна искршени . Се прашувам што ли е тоа што истерало одовде скоро двеста илјади жители а останатите ги доведува до некакво лудило кое секој пат излага на видело коа ќе прашам зошто ? Зошто нема иднина овој град и зошто изгледа како чума да прошло ... како странец веројатно никогаш нема да ја дознаам вистината ...зошто некои ја жртвуваат иднината за нешто што и онака исчезнува. Нешто што се топело а сеа одамна стопено нешто што сите држави и градови го губеле ...
Зошто овој град одбил да расте и да стане просперитетен ...
Зошто ?!

No comments:

Post a Comment