Monday, December 14, 2009

Okej се мислев да го пишам мислењево али денес сум доволно накурчена ќе бидам директна

Она што очигледно ве накурчи е тоа што васко ефтов удри на најлош можен начин по една од причините за стагнација и деградација на нашево општество а тоа е лицемерието и несвесноста .

Мене не ме фрапираше промискуитетот кај Вики туку несвесноста за тоа што навистина направила и колку ќе ја чини понатаму во животот на емоционален и социјален план нејзиниот егзибиционизам. Реално вики е преставник на се побројната група на граѓани кои се нарекуваат овци народски кажано. Не се свесни за својата улога во општеството, ниту за било која политичка ефтина манипулација, ниту за тоа декас е практично експлатирани и искористувани од разни разни луѓе на најразлични начини. Не се свесни при изборите што ги прават, кои се последиците и благодетите на тие избори .

Ова не го зборам на памет туку реално она што го видов во дискусијата е дека никој не спомна свесност ниту лицемерие освен у контекст за плукање на васета наш кој сакал-нејќел со ваква публика и овца од народ мора да прави вакви лејм емисии со ефтин сензационализам за да има некаква гледаност .

Она што никој не го спомна е дека нашево општество еден голем FAIL

-FAIL да продуцира свесна младина
-FAIL да продуцира образована младина која не би гледала вакви работи
-FAIL да продуцира помладок на интелектуалната елита за да даде реална слика на она што уствари е суштината на таа емисија иако беше замачкана со сензационализам и плукање врз ралева
-FAIL да се избори со културниот колонијализам кој доаѓа од србија а во скоро и бугарија
-FAIL да се избори со своите сопствени проблеми

Да не кажувам дека сме FAIL во голтање на егото и горделивоста и конечно како општество да прекинеме да се замозалажуваме и да ја видиме конечно грдата слика која не преставува нас како Македонија, како општество, како народ, а очигледно не сакаме затоа тонеме во бедни и победни јалови дискусии. А да не зборам како држава и народ дека тонеме иако се порекнува тоа упорно .

Втората работа и она што очигледно сите ги накурчи ама малце се зборуваше е нашето лицемерие .
Васко го изкарикира со анкетата али тоа е нашата реалност сакале или нејќеле да признаеме лицемерни сме до даска . Најдобар пример е протестите организирани во последно време : Протест против мењање на името - 30 души прв круг
-100-200 души втор круг
(не мешајте политика само цртам колку сме лицемерни)

Устите на сите ни се полни со морал, чесност и доблеснос, но реално тоа во реалност не се практикува (во спротивно до сеа улиците ќе ни беа поплочени со злато).Сите знаеме и сите молчиме и дозволуваме тоа лицемерие да ја уништи општесвената дебата , и да затруе секое можно место за дебатирање почнувајќи од блогерајот па се до кајгана каде мораше да се затвори политика и вести поради моралните норми кои ги проповедаа како шпанска инквизација дел од членовите.

Трето е културното освојување на македонскиот пазар од пинк и планета паинер мислам морам ли повеќе да зборам дури и оние кои не слушаат ваква музика неретко се принудени поради друштвото да присуствуваат вакви настани каде турбоволкот владее .
Недостасува наша оригинална култура на битисување и забавување ама очигледно неаме сили да создадеме своја .

Поштедете ме од вербалниот пролив момци знам дека ќе ви боде очи ова ...

No comments:

Post a Comment