Wednesday, October 21, 2009



На пат кон ...

Роси, улицата веќе натопена со вода . Ги гледам капките како паѓаат . Се е мрачно околу мене се трудам што побрзо да стигнам до договореното место, до познато лице кое ќе ми даде чуство на топлина и малце светлина во студенилото и мракот кој ме обвива и кој труди да влезе во мене.
Што побрзо, што побрзо ...
Мрачни приказни почнуваат да се нижат една по друга ... Денес ќе ви раскажам една. Која ми се откри во најмрачниот момент на тоа кратко патување:
Таа имаше едвај 20, он повеќе од 25 . Двајцата се сретнаа ноќ , една ноќ во невидливиот простор, тој и се прикраде со пријателско лице додека она си играше наоколу со вистината и на другите им прикажуваше само делчиња од неа, водејќи ги во заблуда. Таму скитаат илјадници во тој свет барајќи само допир со себе си и човечноста, повеќето се веќе загубени, а за неа беше игралиште за него ловиште.

Ја заведе со насмевка, ја освои со тоа што и кажа дека е добра, дека е кршлива и дека ќе ја заштити. Како секое дете се предаде му ги даде сите оружја кои ги имаше и сета љубов која можеше да ја даде во тој свет, ко је толку хаотичен што никој не знае што е вистина, што е лага. Хаосот за малце ќе ги проголташе нив двајца, за малце ќе го изгубеа контактот. Тој одлучи да дојде во нејзиниот свет, за да не ја загуби. Уште повеќе паднаа во амбисот и тонеа тивко и се подлабоко во длабочините на емоциите и љубовта. Добија плод на нивната љубов....
Една вечер нивната идила се раскрши на парчиња. Како роза од тенки стаклени розеви ливчиња ја раздроби Носителот на смртта, го зеде него во пеколот. Една година толку доби од ѓаволот за возврат да може да живее во во нејзиниот свет. Договор потпишан со крв, нема бегство. Ниеден смртник не може да избега, дури и боговитене успеале да зибегаат од таков договор.
Скршена остана сама, сама со излитени писма, со излитени фотографии кои секоја вечер заспива со нив. Секоја вечер ја измачуваат демоните со тоа што и ги покажуваат сите убави моменти поминати со него, со насмевката која ја имала.Со неговиот лик, со допирот негов кој уште го осеќа . За момент ќе се насмевне кога ќе се присети на неговите шеги и прегратката негова. Следниот момент ги осеќа срчите од стаклената роза забиени во нејзините очи, затоа не може повеќе да ја види убавината на светот. Дојде денот кога демоните по грешка наместо во очите и ги забија срчите во срцето. Срцето застана ... од пеколот се чу крик , крик кој стигна до небото , крик од тага , крик од љубов, крик од болка ...






No comments:

Post a Comment