Wednesday, October 28, 2009

Божицата


Додека чадот од цигари ми влегуваше во очи, и ја впивам мрачната и тегобна атмосфера која владееше во мојата спална. Ја гледав неа. Се трудев да се сетам од каде она тука, иако испарувањата од алхохол го спречуваа секој обид да се допре до закопаното сеќавање од вчерашната пиенка.
Седеше на работ од креветот облечена само по градник и гаѓички, со размачкана шминка со бушава коса која допираше до рамената. Поглед замаглен и уморен ја палеше својата прва цигара додека јас се трудев да се сетам што се случувало. Ме гледаше со ладен поглед за разлика од другите жени покрај кои се будев. Вообичаено прашуваа колкав сум и како се викам. Се трудеа барем да започнат разговор или бегаа тивко вцрвенети од срам бегаа од мојот стан . Но оваа беше ладна како камен како ова да се случува секој ден во нејзиниот живот. Со глас рапав ме понуди : „сакаш цигара ?“ а ме бодеше со поглед зошто ја гледав збунето. Како сакаше да ми рече мали што се чудиш секој ден е вака. Не сакаше да знае ништо за мене, не се ни трудеше со поглед да ме измерка, и беше гајле. Секоја надеж кај неа беше мртва ова и беше се што и преостанало . Декаденцијата тивкото тонење во алхохол и развратен пијан секс. Ја обожавав беше првата девојка која знам дека не и беше важно што мислам за неа, беше првата девојка која ќе и беше гајле ако и речев во фаца губи се и ќе заминеше без да трепне, без да прави драми, без да покаже била каква емоција за да се осетам глупаво. Беше првата што отворено можев да ја презирам , беше одвратна, евтина ама сепак боженствена. Отрпната од илјадниците удари од светот и луѓето секој следен удар кој доаѓа она нема да го сети . Празна школка да замавнам знам дека ќе мавнам во воздух. Ме восхитуваше фактот што беше подоле од мене , тепих на кој можев слободно да газам. Прв пат ми беше гајле што правам пред некого. Мирно ја изигнорирав не се ни трудев да ја прашам да не сака нешто, да и викнам такси . Но сепак сакав да остане правеше да се осеќам супериорно. Бев љубопитен дали позади ова лице што го гледам имаше нешто повеќе, дали има срце кое крвари. Сакав една дисекција да и направам. Ме интересираше што ја направило да биде ваква, декадентна божица. После пет минути откако ја испуши цигарата се облече и замина .
-еј чекај имаш ли име- ја прашав срамежливо се осеќав баш како оние девојки кои пред тоа ги шутнував.
Ме погледна најстудено на свет и рече не е важно.

И беше во право не е важно ...

No comments:

Post a Comment