Wednesday, January 20, 2010

Социјалниот феномен “Тоше“

Видете Феноменот Тоше црпи корени од нашето општество кое владеат најцрните и најмрачните принципи можни до сега. Принципи кои се засноваат на сурова, безочна експлататација на другиот, од работникот до комшијата па се до роднини и пријатели. Владее мрачно мнение во нашето општество дека ако си чесен, добар и вреден, си глуп. Владеат митови за да успееш треба да си ѓубре , за да те почитуваат треба да суров и нечовек. Како контратежа излезе овој феномен, мит што и да е.

Тоше тоа го поби , тој докажа дека со труд и напорна работа без злоупотреба на медумите (како на пример севе со порното како што направи) без скандали да успее и стане медиумска ѕвезда.
Тоше за Македонија претставува успешна приказна која очајно ни требаше.
Тоше е лицето на илјадниците добри, чесни и работливи луѓе кои редовно им се потсмеваме позади грб и ги правиме будали (бидете искрени со себе) Кои добиваат многу малце внимание во јавноста .
Тоше го искористи своето влијание, пари и моќ за да им помогне на други а не за да ебе српска певаљка а со тоа постави пример (кој е издигнат до мит) за сите нас останати.

Сакате да ги снема митовите, првин напаѓајте оние митови кои се проповедаат во секој дом на секое дете, на секоја жена и маж, дека нема успех без партиска книшка, дека господ е македонец, дека ако сакаш почит мораш да бидеш гомно, дека се успева само со врски . Кога тие митови ќе ги снема, тогаш имате право да серете за митот за Тоше. До тогаш покрај сите блујотини и негативни митови со кои сме бомбардирани секое дете, жена и маж ќе го има митот за Тоше кое носи малце надеж во ова безнадежно и мрачно место .
Ако сакате да престане ова издигање и поклонување на Тоше како лик, тогаш првин спречето поклунувањето на божествата бране, гвујо и остали кои заслужуваат да бидат стрелани на лице место. Барем обожаваат некој кој е човек, ебате
Никогаш ама баш никогаш не ја потценувајте моќта на митот.Цинични говеда едни кои не знаете дека има и место и време( тоа не е овде и сега) каде ќе се припрдавате со вашата интелегенција и цинизам.

Да имаше медиумско бомбардирање од кое ми се дигаа цревата
Да има мршојадци кои го злоуботребуваат Тоше
Да има идиоти и лицемери

Но каде не е така? И со која ѕвезда не беше така.
Тоше има значење за нас самите, за државава од бога заборавена а не за светот.

П.С. се однесува на феноменот и митот за тоше не за вредноста на неговите дела :)

No comments:

Post a Comment