Wednesday, December 30, 2009

Парадоксот на Македонската жена

Пред некое време налетав на тема зошто жените даваат ? Каде се разви јалова дебата која ја потврдува старата цинична аксиома ништо не е за без пари. Мене не ми е јасно како може wannabe интелектуалка да се занимава со вакви смешни прашања а уште помалце да се буни против ова верување дека жените даваат. Ако даваш како прво имаш нешто вредно на пазарот и како второ ти одредуваш на кој ќе му дадеш нешто што во природата е бесплатно (освен што треба да утепаш некој мажјак и да докажеш дека си здрав ) . Јас не сваќам како да се буниш против нешто што иде во твој прилог и ти дава моќ. Ако даваш значи имаш моќ.А уште помалце не знам како жениве бараат еднаквост кога потоа бараат да бдат обожавани како божества како нашава wanna be интелектуалка која пастираше текст на еден маж кој вика дека ги обожава жениве покрај тоа што знаат да бидат крајно неподносливи и кои безмислосно знаат да цедат пари и енергија. Знам дека сеа треба да застанам на страна на жените и да напишам GIRL POWER (ziegh hail ) ама реалноста и вистината не спречуваат. Истата таа девојка исто така тврди дека нема прави мажи и дека сака мажот да и демонстрира сила (на овој или оној начин) а денес ми кенка дека она е на некој начин дискриминирана и зошто мажите велат дека жените даваат . Па жити се како у курац да бидете еднакви и третирани како такви кога од друга страна барате да бидете ставени на пиедестал и барате мажот да биде МАЖ(да ви преведам посилен од нив). Јас не знам што ги учеле децава у средно дали им ја пуштиле пепелашака за време на часот на вовед во право или социологија или пак им кажале дека секое право влече и обврска . И дека секој има права И обврски. Друга работа поради која ова го пишувам ми стана жал за маживе покрај што мораат да се изборат за добар изглед, манири, скапа облека, кариера и длабок џеб со кој во иднина ќе не издржуваат мора и одозгора да не викаат дека ние им даваме , ко демек крај на светот ќе биде ако дозволиме они да го викаат дека ние им даваме , во реална и практична смисла не мењава ама баш ништо. Јас не знам али ако навистина станеме еднакви според сите правила и прописи ние жените ќе треба да научиме да коваме шајки, менуваме гуми и сијалици, да знаеме како со компјутерот и остали гаџети , да можеме да си отвориме теглата, и да се тепаме исто така пошто да можеа повеќето мажи би ни акнале една убава кога сме во пмс . Исто така да заборавиме на издигањето и пиедесталот, на тоа он да плаќа пијачки, на тоа он да биде посилниот, да имаме визија за тоа што утре (не што ќе купуваш) да не кенкаме ради тоа што дошол во таа маица , да не кенкаме коа имаме пмс, да не смееме да им се убацуваме у муабет за политка со реченици„види ги за што зборат дај дружи ме “ да не приговараме за порното кое го гледаат, да се ебеме ко мажи а не да цивкаме не можам тоа или не сеа ме боли главата  и да одиме на факултети кои бараат валкање во вистинска смисла на зборот и да рмбаме на некое работно место(како на пример градежник) каде има ризик за нашето здравје кое ќе ни овозможи да заработуваме повеќе пари од сега .
И сеа дојдов до просветлувачкио заклучок дека просечната Македонска жена :
А) не знае што сака
Б)не знае да ги искористи тие услови што се перфектни за експлатација на мушкиот род туку и се буни против нив- глупа ко кур и крајно неспособна
В) има очајна потреба да биде репресирана за да има за што да мрчи (вратете се турци!)
Јас знам дека со векови сме биле третирани подоле од гомно и не вреднувале како стока ама тоа заврши (барем за мнозинството од жените), да бидеме реални ние сме имаме права дури и повеќе од мажите (затоа цивкаат по форуми дека не не бива) .
И да ве молам без вербален пролив и научете веќе еднаш дека турско заврши и дека пашата нема да ве зашамари два пати, издупи и напраи дете аман!

2 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. TOP пост. Редно време е некој ова да го каже.

    Знаеш, јас немам ништо против тоа што го бараат жените. Проблемот е во контрадикциите.

    Ако идеш лево, ти си свиња, кретен, идиот и не си вистински маж. Ако идеш десно, тога[ си морон, глупак и мивка. Ако стоиш у место, тогаш си крив за сите нејзини проблеми.


    Значи, мажите се доста флексибилни. Ако им кажеш на мажите... слушај, жените сакаат само јаки, силни мажи, тогаш мажите ќе се приспособат, и тие што не се силни едноставно ќе се откажат.

    Но не е така. Ако си силен, си кретен. Ако не си силен, тогаш си мивка. Епа више у курац.

    Особено јака ти беше поентата со правата и обврските. Тоа е една работа што марксисти, феминисти и други не го сфаќаат. Секое право е закачено за ОБВРСКА.

    Денеска американските феминисти пробуваат на жените да им продаде некој свет каде што имаш права без обврски.

    Имаш право шо сакаш да правиш, а мажите ја носат обврската. Значи, она прави шо сака, а ако згреши, ја одговорам.

    ReplyDelete